Видео кое отвори неверојатна дебата на интернет: Рамос го имал извежбано зафатот со кој го повреди Салах

во категорија Спорт од

ramos-salah-pad

Серхио Рамос доби безброј критики од различни страни на свето за својот ММА потег во големото финале во Лигата на шампионите, пред се поради тоа што со истиот го онеспособи Мохамед Салах да го доигра најважниот меч во неговата играчка кариера.

Жестоките напади на сметка на капитенот на Реал Мадрид особено доаѓаат од Египет каде едноставно не се бираат зборовите за да се осуди постапката на стоперот на „кралскиот клуб“, но сега истите станаа уште поголеми откако на социјалните мрежи се појави едно видео од минатогодишното финале во најелитното натпреварување.

Можеби претензиозно и преагресивно е да се тврди дека Рамос намерно го повреди Салах во големото финале, но видеото кое сега стана топ тема на интернет ни докажува дека стоперот на Реал употребил идентичен старт и минатата година во дуел со Дани Алвес, па тоа натера голем број на фудбалски фанови да сметаат дека дефанзивецот добро го имал извежбано овој старт и воедно добро знаел каква штета може да му нанесе на Египќанецот.

Извор:https://derbi.mk/