Севилја го објави името на новиот тренер

во категорија Спорт од

Pablo Machín

Екипата на Севилја се соочи со доста турбуленции во претходнава кампања во која смени два тренери (Берицо и Монтела) за да финалните четири средби од клупата ги одработи  искусниот Капарос.

Поради ова составот од Андалузија се одлучи брзо да го затвори тренерското прашање, односно да пронајде човек кој ќе ја стабилизира тимот и резултатите, а изборот падна врз Пабло Мачин. Станува збор за досегашниот тренер на Џирона кој успеа овој клуб да го донесе во елитата и потоа првата сезона да ја заврши на десеттото место.

Ова беше доволна препорака за Севилја да тргне по Мачин кој негува офанзивен и отворен фудбал, па денеска официјално беше затворена зделката со двегодишен договор.

Извор:https://derbi.mk/