Раул го објави поширокиот список за бараж дуелите со Романија

во категорија Спорт од

Seniori-trening1

Раул Гонзалес сигурно не го доживеа најпосакуваниот крај во Европа како тренер на Вардар, но по двата порази на фајнал-фор турнирот во Келн, шпанскиот стручњак сега има нови приоритети пред себе, односно водење на македонската селекција на двата бараж дуели кои не чекаат во месец јуни.

Македонија во баражот за СП игра против селекцијата на Романија, а двете средби се закажани за 10 и 13 јуни, од кои првата се игрра во „Борис Трајковски“, а втората во Клуж. Македонскиот селектор не направи никакви поголеми изненадувања и се одлучи за сигурни и проверени сили, а најзвучно е отсуството на искусниот Јоновски кој нема да може да им помогне на соиграчите поради повреда.

ПОШИРОК СПИСОК НА РАКОМЕТАРИ ВО СЕНИОРСКА МАШКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ДУЕЛИТЕ СО РОМАНИЈА:

Голмани: Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски, Јане Цветковски
Бекови: Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Филип Талески, Филип Кузмановски, Мартин Велковски, Горан Крстевски, Мартин Серафимов, Велко Маркоски, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Ласко Андоновски, Томислав Јагуриновски
Крила: Дејан Манасков, Мартин Поповски, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески, Димитар Димитриоски
Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски, Костадин Петров

Извор:https://derbi.mk/