Позната висината на штетата од невремето во Охрид

во категорија Eкономија од

Околу половина милион евра или приближно 30 милиони денари се првичните проценки од штетите кои настанаа по големото невреме кое го зафати Охрид на 17 март пролетва., откако исоките бранови и силниот јужен ветер оставија пустош на езерското крајбрежје. 

Најпогодени беа угостителски објекти и куќите на охриѓани сместени на првата брегова линија, но и дел од плажите. Охриѓани пријавувале уништени платформи, уништени фасади на куќи, а пријавени биле и штети на автомобили од паднати дрва. . Интересно е што инспекторите евидентирале дека многу од штетите биле предизвикани врз нелегални објекти.

Од општинската комисија за проценка на штети за Алсат М велат дека до нив пристигнале вкупно 122 барања за обесштетување.

Последниот збор како и што ќе биде исплатено ќе го каже Владата.

Извор: https://faktor.mk/