Петина активно население им живее во странство иако се во ЕУ

во категорија Eкономија од

Скоро петина од работоспособните граѓани на Романија живеат во странство. 

Повеќе од 19 отсто од работноспособните Романци, на возраст од 20 до 64 години, живеаат во друга земја-членка на Европската унија, покажуваат податоците на „Евростат“.

Истражувањето е објавено денеска, и покажа дека 3,8 проценти од работноспособните лица од земјите-членки на ЕУ, не живеат во нивните родни земји.

Состојбата е различна скоро во сите земји-членки на ЕУ. Во Германија еден процент од работноспособното население живее во друга земја, додека 19,7 отсто од работоспособните Романци живеат во странство.

Петнаесет отсто од работоспособните Литванци живеаат во странство. За Хрватска тоа се 14 отсто од граѓаните, 13,9 проценти од Португалците, 12,9 отсто од Латвијците и 12,5 отсто од Бугарите.

Извор: https://faktor.mk/