Колку пари досега стерилизираше „Макпетрол“ во сопствен откуп?

во категорија Eкономија од

За период од три месеци „Макпетрол“ купи 659 сопствени акции . За тоа плати повеќе од 19 милиони денари ако за просечна пазарна цена во овој период се земе цената од 29.000 денари за една акција.

Кон крајот на април „Макпетрол“ купи 205 акции и со тоа поседува вкупно 4.241 акција што претставува 3,77 отсто од главницата.

„Макпетрол“ согласно со позитивните законски прописи може да докупи до 10 отсто од својата главница односно вкупно до 11.238 акции. По актуелната пазарна цена на таа акција тоа значи дека „Макпетрол“ ако има пари може да вложи уште 4 милиони евра во сопствени акции. Во тој случај сигурно дека тие пари ќе ги стерилизира на подолг рок. 

Во оваа констелација на односите најголема корист од сопствениот откуп на акции во „Макпетрол“ има најголемиот акционер ОИЛКО и индиректно водството на „Макпетрол“ кои воедно се и акционери во транспортната компанија ОИЛКО.

Да се моќни да одберат, дали малите домашни акционери – физички лица би одбрале сопствен откуп на акции или уште по 1.500 денари дивиденда на секоја акција?!!!

„Макпетрол“ резервира 170,5 милиони денари односно 2,76 милиони евра за да купува сопствени акции, ова е предолг одлука за која на претстојното акционерско собрание ќе гласаат акционерите на најголемата македонска компанија за трговија на мало со нафта и нафтени деривати. Овие 170,5 милиони денари се повеќе од половината од сите пари од добивката на „Макпетрол“ остварена во 2017 година. Предлог одлуката опфаќа „Макпетрол“ доколку процени дека треба да купува сопствени акции во ценовна маргина од 15.000 денари до 60.000 денари на Македонската берза на хратии од вредност.

Доколку малите акционери не се спротивстават на овој предлог тогаш на претстојното собрание „Макпетрол“ ќе резервира повеќе од половина од својата добивка во 2017 година за ги стерилиза парите во откуп на сопствени акции. Сопствените акции не носат право на дивиденда ниту носат право на глас на претстојно собрание. Ова е законски механизам што дозволува управите на компаниите да се одбранат од непријателски превземања и од високи ценовни осцилации на нивните акции на македонскиот пазар на капитал. Суштината е дека парите на компанијата завршуваат во акции кои губат право на глас и на дивиденда наместо да се вложат во нови инвестиции или да се поделат во дивиденда на нивните акционери. Најчесто досега во кратката македонска корпоративна историја можноста за сопствен откуп на акции се користела менаџерите кои честопати се и значајни акционери да останат комотни на своите позиции и да се заштитат од нови акционери кои би ја критикувале нивната работа или би ги поставувале поинаку целите на компаниите. За да го зачуваат својот мир и комоција менаџерите кои често се и значајни акционери посегнувале, легално, по парите на компанијата и со нив ја одржувале посакуваната ценовна стабилност на акцијата на компанијата што ја раководат. Во вакви случаи законската регулатива ја прави регулаларна и легитивна маргинализацијата на гласовите на малите акционери или надворешни инвеститори во акции затоа што нивниот глас е незначаен и покрај тоа што тие никогаш не би гласале за сопствен откуп туку би гласале за дивиденда или во најмала рака за нови инвестиции во компанијата. Досега нитуе една власт во последните дваесетина година не посвети внимание да го реши ова во корист на отварање на пазарот и на зајакнување на правата на малите акционери и на надворешни инвеститори чија цел е профитот, за сметка на комотните позиции на органите на управување.

Извор: https://faktor.mk/