Енергетската заедница ги повлече споровите против РМ по донесување на законот за енергетика

во категорија Eкономија од

Секретаријатот на Енергетската заедница денес ги повлече поднесените барања
за спорови против Република Македонија. По серија на јавни расправи во кои беа
вклучени сите засегнати страни, во транспарентна постапка, Собранието на 21-ви
мај 2018 година го донесе новиот Закон за енергетика, во кој се транспонирани ЕУ
директивите и регулативите на  Третиот
енергетски пакет.

Со новиот закон се враќа основното човеково право на избор на потрошувачот
од кого ќе се снабдува со енергија, а воедно и се  исполнуваат 
условите за отворање на пазарот на електрична енергија, што ќе донесе
поголема конкуренција и подобар квалитет на услугите на граѓаните на Република
Македонија.

Преку  креирање на новото законско
решение  Владата недвосмислено покажа политичка
волја  и посветеност за спроведување на
реформите во енергетскиот сектор.

Потсетуваме дека овој суштински закон требаше да биде
донесен најдоцна до 1 јануари 2015 година, а поради ненавременото исполнување
на превземените обврски од Европската Унија и не транспонирање на Третиот
енергетски пакет,  Секретаријатот на Енергетската
заедница имаше покренато постапки за спорови кон Република Македонија:

 
Спор 2/15,
отворен од Секретаријатот на Енергетска заедница,
за неуспех за транспонирање и имплементирање на одредбите за отворање на
пазарот на електрична енергија. Рокот за
отворање на пазарот согласно Договорот за основање на Енергетската заедница е 1 јануари 2015 година за сите
потрошувачи (вклучувајќи
ги и домаќинствата);

 
Спор9/16,
отворен од Секретаријатот на Енергетска заедница,
за неусогласување со Договорот за основање на Енергетската
заедница, односно
нетранспонирање и неимплементирање на Третиот енергетски пакет до утврдениот
рок од 1 јануари 2015 година.

Извор: https://faktor.mk/