Во Грција најавени протести „за грчкиот карактер на Македонија“

во категорија Регион од

Организаторите на протестите за „грчкиот карактер на Македонија“, за 6 јуни, закажаа нови, паралелни демонстрации низ повеќе градови во Грција.

Последните случувања во преговорите за името е главниот повод за новите активности, според „Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“ што се јавува како организатор.

„Преку овие протести, Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија ќе се обиде да ги потсети политичарите во земјата дека грчкиот народ донесе одлука во врска со името на Македонија и бара примена на одлуките“, соопштија организаторите.

Извор: катимерини

Извор: http://www.alsat-m.tv