БАРАЈТЕ РАБОТА ТАМУ: Градови каде платите се над 2000 долари

во категорија Eкономија од

И овој мај Deutsche Bank го објави својот годишен извештај “Мапирање на светските цени”, преку каталогизирање на трошоците за стоки и услуги во најголемите и најразвиените градови во светот.

За да се утврди цената на живот насекаде во светот, банката рзгледува секакви критериуми – од цената на кутија цигари до просечна цена за кирија за стан со две спални.

Еден од факторите кој банката го истражува, е колку заработуваат вработените во просек секој месец. Цифрата, од која се одземени даноците е удобен индикатор за богатството на еден град.

Во општи црти градовите кои се рангирана високо, се наоѓаат во северната хемисфера во развиените западни економии, но на листата влегуваат и некои развиени економии од јужната хемисфера како Австралија и Нов Зеланд, пренесува „Бизнис инсајдер“.

Не е изненадувачки, дека луѓето кои живеат во градовите, каде што трошоците за живот се повисоки, имаат повисоки плати. Финансиски центри како Лондон, Њујорк и Франкфурт се рангираат на предните позиции.

Платите во Франкфурт се зголемиле за над 200 долари месечно во текот на изминатата година, бидејќи банките планираат по Брегзит да ги преместат работниците со седиште во Лондон, токму во германската финансиска престолнина.

Врвот на листата е релативно непроменет во однос на минатата година, а четирите најголеми градови се исти како во 2017 година, иако со малку поинаков ред.

Погледнете ја листата на точно 28 градови низ светот, каде што просечната месечна плата е повисока од 2000 долари месечно, без даноци.

28. Виена, Австрија – 2425 долари

27. Ванкувер, Канада – 2458 долари

26. Брисел, Белгија – 2480 долари

25. Берлин, Германија – 2482 долари

24. Торонто, Канада – 2519 долари

23. Хонгконг – 2550 долари

22. Единбург, Шкотска – 2565 долари

21. Окленд, Нов Зеланд – 2723 долари

20. Даблин, Ирска – 2762 долари

19. Париз, Франција – 2886 долари

18. Велингтон, Нов Зеланд – 2946 долари

17. Хелсинки, Финска – 2988 долари

16. Стокхолм, Шведска – 2999 долари

15. Токио, Јапонија – 3004 долари

14. Амстердам, Холандија – 3058 долари

13. Сингапур – 3099 долари

12. Мелбурн, Австралија – 3263 долари

11. Лондон, Велика Британија – 3381 долари

10. Франкфурт, Германија – 3389 долари

9. Дубаи, ОАЕ – 3447 долари

8. Копенхаген, Данска– 3462 долари

7. Чикаго, САД– 3650 долари

6. Осло, Норвешка– 3664 долари

5. Бостон, САД – 3740 долари

4. Сиднеј, Австралија – 3914 долари

3. Њујорк – 4115 долари

2. Сан Франциско, САЩ – 4974 долари

1. Цирих, Швајцарија – 5764 долари

Извор: https://faktor.mk/