Никој не го очекуваше ова, играчот на Манчестер Јунајтед во преговори за нов договор со клубот

во категорија Спорт од

marsijal

Медиумите во Англија пренесуваат дека крилниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал започнал преговори со клубот околу можно продолжување на неговиот договор.

22 годишниот фудбалер се поврзуваше со заминување од „Олд Трафорд“ ова лето откако не успеа да се наметне како регуларен избор на Мурињо за првите 11 на Манчестер Јунајтед.

Моменталниот договор на Марсијал истекува во 2019 година, а според „Сан“ двете страни веќе преговараат за продолжување на соработката.

Во претходните неколку месеци се пишуваше дека за Марсијал постои сериозен интерес од неколку гиганти како Јувентус, ПСЖ, Челси, Арсенал и Тотенхем.

 

Извор:https://derbi.mk/