Најголемо внимание на вработените на определено време со измените на Законот за работни односи

во категорија Eкономија од

Измените на Законот за работни односи се во собраниска процедура, а со нив се воведуваат повеќе новини кои директно се однесуваат на договорот за вработување, годишниот одмор на работниците, исплатата на приправниците, пробната работа и испратнината.

Како што пишува веб порталот Академик.мк со законските измени ќе се прошири забраната за дискриминација на вработените на определено време и тоа не само во однос на условите за вработување, туку и на сите права и обврски кои произлегуваат од работниот однос.

Дополнително, се намалува времетраењето на рокот за пријавување на јавниот оглас од 5 на 3 работни дена.

Член 4 предвидува обврзувачка содржина на договорот за vработување, со што работниците со потпишување на договорот точно ќе знаат кои се нивните права и обврски.

Намалување на периодот на пробна работа од 6 на 4 месеци.

Понатаму, законските промени допираат и во деловите кои се однесуваат на допрецизирање на причината кога работодавачот може да го предупреди работникот во постапка пред откажување на договорот за вработување, односно при постоење на лична причина на страна на работникот; давање на правен основ престанокот на работниот однос од деловни причини да се врши врз основа на критериуми од колективниот договор и критериуми за заштита на инвалидни лица, самохрани радители и родители на деца со посебни потреби; и се утврдува рокот во кој работникот треба да го подобри своето работење (15 дена).

Член 14 предвидува зголемување на процентот на минималниот износ на плата за приправник од 40 на 70 проценти.

Еднаков годишен одмор ќе користат работници кои работат шест дена во неделата со работници кои работат пет дена во неделата.

Извор: https://faktor.mk/