Ѕанакопулос: Ерга омнес, уставот и предлозите на Нимиц се на маса во Њујорк

во категорија Регион од

Министерот без ресор и портпарол на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос за грчката телевизија “Скај” изјави дека темите на преговарачката маса во Њујорк се ерга омнес, уставна ревизија и име од предлозите на Нимиц.

Ѕанакопулос смета дека постојат политички и технички предуслови за договор.

„Сметам дека постојат и политички и технички предуслови за да стигнеме до договор. Меѓутоа, ова зависи, не само од Грција, туку и од поранешната југословенска Република Македонија“, изјави Ѕанакопулос.

 

Извор: http://www.alsat-m.tv