Ципрас: Одредница пред зборот “Македонија” е голема победа за Грција

во категорија Регион од

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, ги оцени преговорите во Њујорк како “критични” и “чувствителни” и изјави дека би било голема победа за Грција ако се постигне договор за одредница пред зборот “Македонија”.

“Нашите северни соседи повеќе од 70 години имаат државен ентитет кој беше дел од југословенската федерација, а потоа стана независна држава наречена “Македонија”, носејќи го ова име кое се однесува на грчкиот антички свет и културно наследство без никаква одредница. Тоа го враќаме, и тоа не е лесно. Северните соседи немаат врска со Александар Велики и тие историски корени. Нивните корени се словенски и албански, и тие тоа го признаваат. Ако добиеме одредница пред името Македонија е голема победа”, рече Ципрас.

 

 

Извор: http://www.alsat-m.tv