Тахири: Формирањето на ЗСО е ризик за Косово

во категорија Регион од

Поранешната шефица на преговарачкиот тим во техничкиот дијалог меѓу Приштина и Белград, Едита Тахири, изјави дека формирањето на ЗСО претставува ризик за Косово.

Тахири изјави дека во оваа фаза Белград би можел да бара дополнителни надлежности за ЗСО која Албанците ја нарекуваат Асоцијација на општини со српско мнозинство.

Тахири ги повика политичките субјекти на консензус по ова прашање.

Инаку, таа смета дека дијалогот со Белград треба и понатаму да го води косовскиот претседател Хашим Тачи поради уставни причини, но и поради неговото искуство.

 

 

Извор: http://www.alsat-m.tv