Ципрас: Грција преговара за четирите имиња предложени од Нимиц

во категорија Регион од

Грција преговара за четирите имиња предложени од Нимиц, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас, одговарајќи на критиките упатени од лидерот на опозициската Нова демократија, Киријакос Мицотакис, во врска со прифаќањето на името „Република Илинденска Македонија“. Грчкиот премиер вели дека има сериозен напредок бидејќи македонската страна прифатила сложено име кое ќе се употребува ерга омнес и уставна ревизија. Тој изјави дека нема дополнително да говори за суштината на преговорите бидејќи утре ќе се одржи нова средба на министрите за надворешни работи на двете земји со медијаторот Нимиц. Претходно, претседателот на Нова демократија, побара од грчкиот премиер јасно да каже дали го отфрлил предлогот за „Република Илинденска Македонија“ или „сѐ уште тајно се разговара за тоа“.

Извор: http://www.alsat-m.tv