Путин и Радев пак ќе ги зближуваат Русија и Бугарија

во категорија Регион од

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот бугарски колега Румен Радев одлучија повторно да го воспостават дијалогот меѓу двете земји, објави „Росијскаја газета” по вчерашната средба меѓу двајцата лидери.

Весникот потенцира дека двајцата претседатели „детално разговарале” во Сочи за односите меѓу Москва и Софија во различни сфери, вклучувајќи ги и проблематичните, пренесува бугарската новинаска агенција БТА.

„Самиот факт дека таквите преговори се одвиваа е добар сигнал за обновување на руско-бугарските односи во целосен формат, се наведува во денешниот напис на рускиот весник.

Извор: http://www.alsat-m.tv