Тачи: Косово ќе формира своја војска

во категорија Регион од

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, изјави дека Косово ќе формира своја војска и дека Србија нема да има право на вето на таа одлука.

Тачи изрази надеж дека ќе биде воспоставена потполна нормализација на односите со Србија.

Косовскиот претседател денес присуствува на форумот “To be Secure”, меѓународна конференција на која се дискутираат глобални прашања и безбедноста во југоисточна Европа.

Одговарајќи на новинарско прашање, Тачи рече дека Косово сака да биде дел од ЕУ и НАТО.

 

Извор: http://www.alsat-m.tv