Kукан: Не се прашува само Макрон за проширувањето на ЕУ

во категорија Регион од

Без Западен Балкан ЕУ не е целосна ни обединета, вели европратеникот Едвард Кукан за “Вечерње новости”.

Во врска со изјавите на Макрон дека не е време за проширување на ЕУ се додека унијата не се реформира темелно, Кукан вели дека длабоко не се согласува со таквиот став.

“Ставот на Макрон е само едно од гледиштата во рамките на разговорите за иднината на ЕУ. Тоа е една од неговите идеи со кои јас длабоко не се согласувам и не сум само јас против ставовите на Макрон. Германија, на пример, има друго видување за реформите на еврозоната”, изјави Едвард Кукан.

Тој истакна дека најпрво треба да се постигне договор за тоа во кој правец ќе бидат спроведени реформите и дека дури потоа ќе може да се види дали тие ќе бидат готови до 2025. година.

“Без толку важен регион како што е Западен Балкан, ЕУ не е комплетна ниту обединета. Мораме да бидеме поодговорни кон нашите пријатели од Западен Балкан. Ако од земјите кандидати бараме да исполнат одредени барања, тогаш и ние мораме да ги одржиме нашите ветувања”, истакна Кукан.

Извор: http://www.alsat-m.tv