Солунскиот градоначалник претепан од националисти

во категорија Регион од

Солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис, е задржан во болница откако го нападнале националистички екстремисти кои му нанеле повреди на главата, рацете и нозете.

Бутарис, којшто е познат по силниот анти-националистички став, присуствувал на комеморацијата за таканаречениот „Понтски геноцид“ – убиства на етнички Грци извршени од Турците за време на Првата светска војна и грчко-турската војна што следела потоа.

Повеќе од десет луѓе му пристапиле на 75-годишниот Бутарис и му рекле да го напушти настанот, а потоа го нападнале.

Градоначалникот паднал и добил повеќе удари во пределот на главата и нозете.

Извор: http://www.alsat-m.tv