Грчката опозиција против името Илинденска Македонија

во категорија Регион од

„Илинденска Македонија“ е неприфатлив за грчката опозиција. Лидерот на „Нова Демократија“, Кирјакос Мицотакис не се согласува со овој предлог што и телефонски му го соопштил на премиерот Ципрас.

Нова демократија:

Ова е историско име и директно се поврзува со војната за создавање „македонски“ народ и држава која го опфаќа и Солун и се простира до Егејско море. Какво било споменување на Илинден во името на соседната земја, не само што не става крај на иредентизмот во Скопје, туку напротив го потврдува и зајакнува. Затоа е неприфатливо дури и како тема за дискусија“.

Премиерот Ципрас за разговорите во Софија го информирал и претседателот Прокопис Павлопулос.

„Политичките сили може да имаат меѓусебни разлики, што е легитимно и нормално во една вистинска демократија, но за нашите големи прашања, како што се националните, потребен е што е можно поголем консензус“, нагласил Павлопулос.

„Сакаме решение што ќе издржи низ времето и ќе биде одржливо. Затоа не правиме избрзани чекори и главно, во секој детал, ги браниме основните аспекти на националната линија за изнаоѓање заемно прифатливо сложено име, кое ќе биде за севкупна употреба, и за надворешноста и за внатрешноста, за што предуслов е уставна ревизија, промена на уставното име, но и уставна ревизија што ќе доведе до гаранции за елиминирање на секаков облик на иредентизам, за да се тргнат пречките меѓу двата соседни народа“, рече премиерот на Грција, Ципрас.

Од кабинетот на Ципрас соопштуваат дека премиерот ги информирал лидерите на политичките партии  за разговорите за името при што го потенцирал неопходниот предуслов за уставна ревизија кај соседот, што ќе елиминира секаков вид на иредентизам, но и потребата за спроведување на уставната ревизија како основен предуслов за интеграција во меѓународните организации.

Анеса Салиху

Извор: http://www.alsat-m.tv