Taчи: Ја разбираме одлуката на Рахој, но Косово не е Каталонија

во категорија Регион од

Приштина ја разбира одлуката на шпанскиот премиер Маријано Рахој да не присуствува на Самитот во Софија, но “Косово не е Каталонија”, изјави косовскиот претседател Хашим Тачи.

“Секако, во ниедни околности не може да се повлече паралела меѓу нас и Шпанија бидејќи Косово не е Каталонија”, изјави Тачи за бриселскиот портал Еурактив.

Порталот потсетува дека Рахој на Самитот на ЕУ од 23. март му рече на својот бугарски колега, Бојко Борисов, дека нема да присуствува на самитот на ЕУ и Западен Балкан затоа што не сака да седи на иста маса со Косово, на што Тачи искоментира: “Ја разбираме чувствителноста по ова прашање во Шпанија и ќе продолжиме да бидеме пријателска земја. Порано или подоцна сите ќе биде членки на едно големо семејство”.

 

 

Извор: http://www.alsat-m.tv