Захариева: Илинден е важен дел од заедничката историја

во категорија Регион од

Високи бугарски претставници потврдија дека Република Илинденска Македонија е една од опциите кои биле поставени на преговарачката маса меѓу Скопје и Атина. Министерката за надворешни работи на Бугарија, Захариева рече дека Илинден е важен дел од заедничката бугарска и македонска историја. Министерот за одбрана на Бугарија пак, рече дека илинденското востание е бугарско востание.

„Илинденска Македонија на мене ми звучи дека тие препознаваат оти имаме заедничка историја и заедничко минато, бидејќи ова е многу важен дел од бугарската историја и многу важен моментум за нивната историја. Така да мене ми звучи дека тие сфатија дека имаме заедничко минато и заедничка историја. Но ова е нешто што го рабрав вчера, дека ова е едно од имињата и дека е ново, апсолутно ново за Бугарија,бидејќи знаете дека петте предлози кои беа долго на масата, со години, не го вклучува Илинденска Македонија и е нешто што се разбира е произовд на билатералните преговори и мислам како што веќе кажав е дел од нашата заедничка историја“, изјави Екатерина Захариева, министерка за надворешни работи на Бугарија.

„Ние немаме претензии кон името Република Македонија, но сме против тоа да се преиначува историјата и да се гонат луѓе со бугарска самосвест во Македонија. Илинденска Македонија е едно од можните имиња за Македонија, за што вчера разговараа лидерите на Македонија и Грција. Слушнав за Илинденска Македонија, исто така слушнав за Вардарска, Северна. Илинденското востание е бугарско востание, дел од нашата заедничка историја“, рече Красимир Каракачанов, министер за одбрана на Бугарија.

Извор: http://www.alsat-m.tv