Што се случува со добивката на градежниот гигант „Гранит“ ?

во категорија Eкономија од

Запиша ли скопски „Гранит“ лош прв квартал ? 

Градежниот гигант со остварените резултати ја шокира инвеститорската заедница.

Имено, приходот од продажба за првите три месеци споредбено со лани е преполовен а добивката на градежниот гигант за првиот квартал е само 469.000 денари односно помалку од 8.000 евра.

Најголемата македонска градежна компанија првиот квартал оваа година го заврши со оперативна добивка од 58.000 денари.

Приходите од продажба на Гранит за првиот квартал изнесуваат 318,7 милиони денари и тие се за 52 отсто пониски од истиот период лани кога изнесувале 639,8 милиони денари

Извор: https://faktor.mk/