(Фото) Кафе-дебата на тема „Визијата за Европа 70 години по Конгресот во Хаг“

во категорија Македонија од
(Фото) Кафе-дебата на тема „Визијата за Европа 70 години по Конгресот во Хаг“
Европското движење во Република Македонија во кафулето „Тренд“ , организираше кафе-дебата на тема „Визијата за Европа 70 години по Конгресот во Хаг“. На оваа тема дебатираа Заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Бујар Османи, Амбасадорот на Франција во Република Македонија, Кристијан Тимоние, Претседателот на Француското европско движење, Ив Бертончини, професорот и политиколог проф. д-р Нано Ружин, како и Претседателката на Европското движење во Република Македонија, проф. д–р Милева Ѓуровска.

Заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Бујар Османи истакна дека надежите кај граѓаните се подигнати за влезот на земјата во НАТО и ЕУ. Според Османи ако не се добие сега покана за членство може да име ефект на разочарување.

Присутните потенцираа дека напредококот е забележан и дека треба да се работи на реформите. Тие очекуваат добро резултати од Самитот во Софија.

Имено, во чест на одбележување на Денот на Европа 2018 година, Европското движење во Република Македонија веќе неколку години организира серија од кафе-дебати, придонесувајќи за промовирање и јакнење на европските вредности. Во спонтана атмосфера се дискутираат прашања, за кои јавноста покажува особен интерес.

Извор: https://nezavisen.mk/mk/