Туск: Ќе ја потврдиме европската перспектива на Западен Балкан

во категорија Свет од

Претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск во пресрет на самитот „ЕУ-Западен Балкан“ во Софија соопшти дека за првпат по 15 години утре ќе се соочат лидерите на Унијата со сите лидери на Западен Балкан.

„Тоа ќе биде можност да го потврдиме ставот дека европската перспектива на Западниот Балкан е геостратешки избор. Сакаме да покажеме дека се грижиме за општествено-економскиот развој на регионот. Инвестирањето вп инфраструктурата и поврзаноста со и внатре во западниот Балкан е во најдобар интерес на ЕУ. Се надевам дека уште повеќе ќе ја приближиме Европската Унија кон нашите балкански пријатели,“ пишува во соопштението од Туск.

Извор:https://www.slobodnaevropa.mk/