Рама: Сонувам за обединување на Албанците, но во ЕУ

во категорија Регион од

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека сонува за обединување на сите Албанци, но не во “голема Албанија”, туку во Европската унија и дека ЕУ треба да преземе стратешка одговорност за Западен Баалкан.

Во интервју за Euronews, Рама вели дека негова уставна обврска е да ги штити сите Албанци, но додаде дека верува дека на Албанците, без разлика каде и да живеат, никогаш не им било подобро од сега.

“На Косово имаат своја држава. Во Македонија се дел од вистинска револуција во смисла на променување на пристапот кон албанскиот јазик и албанскиот народ. На југот од Србија се надевам дека ќе се потребат нивните услови, со оглед на фактот дека Србите на Косово се третирани многу добро”, изјави Рама за Euronews.

На потсетувањето од новинарот дека неодамна најавил дека Албанија и Косово еден ден би можеле да имаат заеднички лидер, Рама рече дека не жали поради таа изјави, но дека му е жал за реакциите кои ги предизвикала изјавата бидејќи немал намера да даде “вознемирувачка изјава”.

 

Извор: http://www.alsat-m.tv