Марсело ги наброја четирите услови кои мора да ги исполнат играчите на Реал за да го победат Ливерпул во финалето во Киев

во категорија Спорт од

marselo-znak

Реал Мадрид за точно десет дена ќе ја брани титулата во Лигата на шампионите во големото финале со Ливерпул во Киев, натпревар кој полека со големо нетрпение го очекуваат и самите актери, односно играчите на двата тима.

„Кралскиот клуб“ ќе влезе како фаворит во овој дуел поради својата историја во Лигата на шампионите и финалињата во ова натпреварување, но сепак самите играчи не сметаа дека имаа предност и сосема нормално ги доживуваат оптимитичките најави на одредени шпански медиуми.

Денеска цел тим на Реал Мадрид имаше маркетиншки акт организиран од еден од спонзорите на клубот, „Мовистар“, при кој Марсело како втор капитен на тимот се обиде да ги наброи четирите елементи и услови кои ќе мораат да ги исполнат тој и неговите соиграчи за да стигнат до посакуваниот хет-трик во Лигата на шампионите.

– Смиреност, напорна работа, сплотеност и амбиција, тоа се четирите работи кои не смееме да ги заборавиме на теренот. Само така сме непобедливи и така стигнавме до титулите кои ги освоивме, – порачал Бразилецот.

Извор:https://derbi.mk/