Кларк: Ќе дојде време кога на Косово ќе му биде потребна сопствена војска

во категорија Регион од

Поранешниот генерален командант на силите на НАТО во Европа, Весли Кларк, изјави дека не е вистински момент за формирање на косовската војска и дека таков чекор треба да се преземе по потполна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

“Ќе дојде време кога на Косово ќе му треба сопствена војска, но ова мора да се случи по нормализирањето на односите со Србија. А до тогаш, НАТО би требало да остане на КиМ со КФОР и Косово треба да овозможи економски развој, инвестирање во економски ресурси и инфраструктура, енергија и се друго што ќе го направи Косово поатрактивно за странски инвестиции”, изјави Кларк за Гласот на Америка.

Кларк овие денови престојува во Приштина, а вчера учествуваше на собирот под назив “Поддршка на идната приказна за успехот” во организација на Американскиот универзитет во Косово.

Говорејќи за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Кларк изјави дека за тој процес е потребен посредник со полно работно време и дека единствена задача на таа мисија е доведување до нормализација.

Додаде дека смета дека “процесот на независност на Косово не е исполнет” и дека треба да се посвети внимание на создавање и зајакнување на демократијата.

 

Извор: http://www.alsat-m.tv