Идниот вторник пресуда за набавката на полициските шкоди

во категорија Македонија од

Од Dickelbers — сопствено дело, CC BY-SA 4.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=58702773

Речиси половина милион евра бара Специјалното обвинителство да врати екс-помошникот министер за јавни набавки во МВР, Ѓоко Поповски во случајот за набавка на триста нови возила за полицијата. СЈО побара тој да биде осуден за злоупотреба на службената положба додека бил на висока функција во полицијата и бил одговорен за набавка на нови автомобили. Поповски се соочува со можна затворска казна од минимум четири до 15 години. Неговите адвокати побараа тој да биде ослободен од обвинението. Во завршните зборови обвинетиот Поповски рече дека се соочувал со силни притисоци и закани додека траела судската постапка. Сепак, одлучи да не именува никого, но рече дека случајот сериозно влијаел на неговото здравје.

Возилата кои се предмет на кривично дело сè уште ги користи полицијата. Кога се формираше Специјалното обвинителство, јас и Катица Јанева потпишавме договор да им отстапиме едно возило – шкода суперб кое исто така беше предмет на кривичното дело за кое ме гони СЈО. Изминатиов период се соочив со многу закани и уцени, притисоци на кои тешко одолеав“, изјави Ѓоко Поповски, обвинет во Триста

Пресудата Кривичниот суд ќе ја соопшти на 22 мај, односно следниов вторник. Ѓоко Поповски е обвинет дека при набавката на 300-те нови возила, претежно шкода јети, го оштетил буџетот за близу половина милион евра. Олеснителна околност која судот ќе ја земе предвид при носењето пресуда е нарушеното здравје на обвинетиот за што Поповски денеска до судот достави медицинска документација. Поранешниот помошник министер е обвинет и во случајот „Тенк“ за набавката на луксузниот блиндиран мерцедес од 600 илјади евра.

Бојан Стојановски

Извор:http://www.alsat-m.tv