Гвардиола откри колку играчи ќе купи Сити ова лето: Една позиција е приоритет, немаме пари за луди инвестиции!

во категорија Спорт од

pep-parada

Манчестер Сити остави зад себе рекордна сезона во Премиер лигата со вкупно освоени 100 бода по 38 одиграни кола, учинок кој само потврдува колку тимот на Пеп Гвардиола беше доминантен оваа сезона во англиската фудбалска елита.

Шпанскиот стручњак успеа да ги „нареди коцките“ во својата втора сезона како менаџер на тимот и состави тим кој едноставно не наиде на посериозна конкуренција во Премиер лигата, а иако во овој момент изгледа навистина тешко да се засили Сити за наредната сезона, Пеп во своето последно обраќање посочи која е позицијата која сигурно ќе ја надополнат.

Менаџерот на „граѓаните“ открива дека Сити ќе има мирен летен период во кој ќе купи два или најмногу три играчи, со тоа што главен акцент ќе се стави на доведување на фудбалер кој ќе го замени Јаја Туре.

– Јаја Туре си заминува, па затоа ќе мора да донесеме замена за него. Ќе донесеме играч во средниот ред и плус еден или уште максимум двајца, не повеќе. Не можеме да инвестираме повеќе од тоа, немаме пари за луди инвестиции. Луѓето не ми веруваат, но ние навистина немаме доволно пари за секоја сезона да инвестираме по 300 милиони фунти, – порачува Пеп.

Извор:https://derbi.mk/