Мицкоски: Во 13 часот нов скандал за криминалот на власта

во категорија Македонија од

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил најави дека во 13 часот ќе објави нов скандал за криминалот на власта. Тој вели дека вистинското лице на власта е она кое е полно со скандали и неработа.

„Тој канцер метастазира. Животот дојде само за неколкумина додека сите останати го живеат тешкото секојдневие. Денес ќе објавам нов скандал за начините и методите по кој работи власта, за како само со неколку потписи и постапки се вртат милионски суми на пари и како се користат функциите дадени од граѓаните за лични бизниси и енормни заработки. Следете ме во 13 часот“, објави Мицкоски на Фејсбук.

/Макфакс.мк/