И денеска дожд и грмотевици

во категорија Македонија од

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има повремен дожд, а локално ќе биде и нестабилно, со пороен дожд и грмежи. Минималните температури ќе се движат од 7 до 15 степени, а максималните од 18 до 26 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со локален дожд и услови за ретки грмежи. Температурата ќе се движи од 11 до 25 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи. Утре и в среда процесите ќе бидат поретки и со послаб интензитет, а од четврток условите за нестабилност повторно ќе се зголемат.

/Mакфакс.мк/