Прв трејлер за „Robin Hood“

во категорија Култура од

Во екот на филмови во кои се преработуваат старите англиски приказни, како „Sherlock Holmes“ или „King Arthur“, студиото Lionsgate реши да си ја проба среќата со новата екранизација на „Robin Hood“.

Во улогата на познатиот херој кој краде од богатите за да им даде на сиромашните се појавува Тарон Егертон, познат по улогата во филмот „Kingsman“, додека во улогата на Малиот Џон се појавува Џејми Фокс.

Премиерата на филмот е закажана за 21 ноември.

Извор:https://kajgana.com/