Леброн за својот магичен потег кој ја воодушеви цела Америка: Не го пробувајте ова дома (Видео)

во категорија Спорт од

lebron-toro

Леброн Џејмс погоди исклучително тежок шут за голема победа на Кливленд во третиот меч со Торонто, а начинот на кој елегантно и лесно го направи тоа ги фрли во неверица и најголемите ѕвезди во НБА лигата кои му се поклонија на „кралот“ на социјалните мрежи.

Ѕвездата на Кливленд доби безброј пофалби од страна на своите колеги за магичниот потег на крајот, а интересен беше и коментарот кој го даде самиот тој за својот шут по крајот на мечот по кој Кавалирски поведоа со 3:0.

– Нивото на тежина на тој шут е еднаков на многу тежок. Не го пробувајте тоа дома, – порача Леброн кој ги насмеа новинарите.

Извор:https://derbi.mk/