Туре не планира да ја напушти Премиер лигата

во категорија Спорт од

yaya-toure

Манчестер Сити ја потврди разделбата со Јаја Туре кој ќе се збогува со фановите на „Итихад“ по осум сезони, но тоа не значи дека ќе ја напушти и англиската Премиер лига.

Медиумите на островот пренесуваат дека фудбалерот од Брегот на слоновата коска се чувствува одлично во Англија, а добрата адаптација и на неговото семејство значи дека ќе ги разгледува другите премиерлигашки опции.

Во игра се клубови како Евертон, Барнли и Хадерсфилд кои покажуваат интерес за искусниот Туре, а очекуваат дека тој и натаму поседува квалитет иако сезонава не одигра цел премиерлигашки натпревар во дресот на Сити.

Во дресот на Сити, Туре освои три титули во Премиер лигата и уште три трофеи во англиските купови.

Извор:https://derbi.mk/