Трамп за напаѓачите во Париз: Бум, ајде следниот…Бум, ајде следниот…(ВИДЕО)

во категорија Свет од

Американскиот претседател Доналд Трамп застана во одбрана на носењето на огнено оружје во САД, тврдејќи дека за време на терористичките напади во ноември 2015-та година во Париз, би имало помалку загинати, доколку некој од жртвите бил вооружен.

„Беше „бум”, ајде следниот, па пак „бум”, па следниот”, сликовито ги демонстрираше напаѓачите со пиштол во рацете.

„Никој не носи оружје во Париз, а сите се сеќаваме на загинатите 130 луѓе и огромниот број на ужасно повредени” изјави Трамп во Далас за време на неговиот говор на конгресот на Националното здружение за оружје на САД.

Трамп изјави дека луѓето биле „брутално убиени од мала група на терористи кои што имале оружје” и додаде дека припадниците на таа група имале доволно време да ги убиваат недолжните цивили еден по еден.

Според неговите зборови, доколку некој тогаш имал оружје и го вперел кон терористите, тие или ќе побегнеле, или ќе биле застрелани, а тогаш сето тоа би било сосема друга приказна.
Да потсетиме, на 13-ти ноември 2015-та година, во серија на терористички напади во Париз изведени од радикални исламисти, беа убиени 130 лица, а над 350 беа повредени.

 

Извор:http://vecer.mk/