Работнички и МЗТ со победи ја затворија Суперлигата!

во категорија Спорт од

t1

Кошаркарите на Работнички и МЗТ Скопје со победи пред своите гледачи го затворија и заокружија настапот во Суперлигата.

Најдобриот состав во тековната сезона, Работнички го доби дербито на колото против Блокотехна со 78-65. Победникот беше решен во вториот дел, најпрецизен кај центарци беше Николовски со 16, а пак на другата страна искусниот Мијатовиќ забележа 21 кош.

МЗТ во „Јане Сандански“ го декласираше Охрид со 94-67. Само првата четвртина беше изедначена (18-18), по што фаворитот почна да го крши отпорот на противникот и од период во период да ја зголемува позитивата. Резервистот Спасојевиќ со 19 поени и Бојиќ со 13 кошеви беа најзазени играчи кај шампионот, додека Ахметбашиќ за охриѓани постигна 17 поени.

На третата средба Гостивар беше подобар од Куманово со 75-58.

Да потсетиме, во полуфиналето во плејофот силите ќе ги одмерат Работнички-Куманово и МЗТ Скопје-Блокотехна.

Извор:https://derbi.mk/