Познати првите детали за Samsung Galaxy S10 и Galaxy X

во категорија Технологија од

Во периодот околу мај и јуни очекувавме да слушнеме нешто повеќе за Galaxy Note 9, но наместо тоа, светските медиуми пренесуваат детали за смартфоните Galaxy S10 и Galaxy X на компанијата Samsung.

Новите извештаи тврдат дека Galaxy S10 ќе биде претставен во јануари 2019 година на Consumer Electronic Show, многу порано отколку што првично се очекуваше. Ова го тврдат извори од Јужна Кореја, кои велат дека производството на овој уред ќе започне во октомври оваа година.

Освен Galaxy S10, се појавија и гласини за Galaxy X. Овој уред привлекува уште повеќе внимание бидејќи тој е првиот уред во историјата на Samsung кој целосно ќе може да се превитка. Тој веројатно ќе биде претставен на Mobile World Congress во февруару 2019 година, кога Samsung ќе го претстави и Galaxy S. Ова објаснува зошто Samsung Би го преместил промовирањето на Galaxy S10 за јануари, за да може Galaxy X да блесне еден месец подоцна во Шпанија.

Galaxy X доби и ново кодно име, а тоа е Winner. Претходно проектот со смартфон кој може да се превитка на Samsung го носеше името Valley.

Овој уред би требало да има два прилично мали, 3,5-инчни екрани, кои заедно го формираат големиот, 7-инчен екран. Третиот 3,5-инчен екран се наоѓа на задната страна и ќе служи за телефонот да може да се користи дури и кога ќе биде превиткан.

Извор:https://kajgana.com/gik