Намалена продажбата на паметни телефони во однос на минатата година

во категорија Технологија од

Веќе се објавуваат анализите за првите четири месеци од оваа година, па според извештајот на International Data Corporation, продажбата на паметните телефони е намалена за околу 3 проценти споредено со истиот период во 2017. година. Во првите три месеци во 2017 биле продадени околу 344.4 милиони телефони, додека годинава околу 334.3 милиони телефони. Најголем пад во продажбата се случил во Кина каде биле продадени помалку од 100 милиони телефони, а тоа е најслабата продажба во последните 5 години.

Samsung сеуште е лидер по бројот на продадени телефони. Компанијата продала околу 78.2 телефони и има учество на пазарот од 23.4%. Apple е на втората позиција до продадени околу 52.2 милиони примероци и има учество од 15.6%. Кинеската компанија Huawei ја држи третата позиција со продадени околу 39.3 милиони, има зголемување од скоро 5 милиони за разлика од минатата година, а процентот со кој учествува на пазарот е 11.8%. Xiaomi скоро двојно ја има зголемено продажбата во споредба со истиот период лани, па во првите 4 месеци има продадено околу 28 милиони телефони и има учество од 8.4%. На 6-то место се наоѓа OPPO со продадени околу 23.8 милиони телефони и има 7.1% учество на пазарот.

Останатите брендови заедно имаат учество од 33.7% и продадено околу 112.7 милиони телефони. Учеството на пазарот на брендовите кои се наоѓаат во категоријата „останати“ (како LG, Vivo, OnePlus, Google и други) е намалено за разлика од периодот во 2017-та година, кога нивното учество на пазарот беше дури 40.2%

Извор:http://usb.mk/