Милан со убедлива победа ја испрати Верона во Серија Б (Видео)

во категорија Спорт од

milan-slav

Фудбалерите на Милан без поголеми проблеми ја совладаа Верона со 4:1 и математички го потврдија испаѓањето на противникот во Серија Б.

Единствен начин Верона да остане во игра за опстанок беше да победи на „Сан Сиро“, но Милан го отвори новото коло во италијанското првенство со сигурна победа и барем засега е на шестото место на табелата во Серија А.

Резултатот го отвори Чалханоглу, до крајот на полувремето зголеми Кутроне, а во вториот дел Абате донесе водство и од 3:0 за избраниците на Рино Гатузо. Кореецот Ли со фантастичен гол намали, а во финишот Борини ги постави конечните 4:1.

Извор:https://derbi.mk/