Маестралниот Хамес го предводеше Баерн до пресврт, Мајнц обезбеди опстанок со голема победа во Дортмунд (Видео)

во категорија Спорт од

james-keln

Келн како последно пласиран тим и нов второлигаш го пречека шампионот Баерн Минхен на домашен терен, а иако успеа да го изненади фаворитот и да победе со 1:0 благодарение на смешниот автогол на Суле, сепак немаше решение за феноменалниот Хамес Родригез кој во вториот дел го предводеше баварскиот пресврт на „Рајн Енерџи“ стадионот.

Родригез учествуваше во сите три гола кои ги постигнаа гостите во второто полувреме, а со самото тоа уште еднаш потврди дека игра во страшна форма во пресрет на големиот предизвик кој ќе го има со својата Колумбија на Светското првенство во Русија. Хамес најпрво израмни на 1:1, потоа беше дел од акцијата во која Левандовски погоди за 1:2 и на крај беше асистент на погодокот кој го постигна Толисо за конечни 1:3.

За разлика од Баерн, Борусија Дортмунд беше непријатно изненадена на домашниот „Сигнал Идуна парк“, од страна на екипата на Мајнц која со победата од 1:2 и математички го обезбеди опстанокот во елитното друштво.

Баку и Муто постигнаа два брзи гола до 13-та минута, а интересно, погодокот на Максимилијан Филип само три минути подоцна се покажа како последен на натпреварот и конечен во победата од 1:2 на гостите.

Головите од мечот на Баерн проследете ги на следниот ЛИНК, додека најинтересните моменти од мечот меѓу Борусија и Мајнц погледнете ги ТУКА

Извор:https://derbi.mk/