Зидан: Оправдувањата на Барселона се вистинска лага!

во категорија Спорт од

zizu-prste

Зинедин Зидан ја одржа прес-конференција во пресрет на утрешното големо „Ел Класико“ дерби кое ќе се одигра на „Камп Ноу“, а на истата повтороно една од главните теми беше онаа поврзана за почетниот тунел, или таканаречен „шпалир“ кој и дефинитивно нема да го направат играчите на Реал Мадрид.

Оваа традиција се прави за да им се оддаде почит на шампионите кои во случајот се играчите на Барселона, но денеска Зизу детално објасни зошто неговите играчи нема да го направат „шпалирот“ и посочи дека оправдувањата на Каталонците за нивното прекршување на правилото е голема лага.

Имено, Барселона не му приреди „шпалир“ пречек на Реал Мадрид откако европскиот шампион ја освои светската клупска титула, а како оправдание посочено беше тоа дека тие не биле дел од тој турнир.

– После клупскиот мундија, за нив не беше важно да направат „шпалир“. И дел од нив велат дека тие не биле дел од ова натпреварување, е тоа е голема лага. За да бидете дел од светското клупско првенство, треба да ја освоите Лигата на шампионите. А, во Лигата на шампионите бевме сите. Јас не донесов одлука, тие донесоа одлука да не направат „шпалир“. Со огрома почит, ние сега нема да направиме шампионски пречек бидејќи и тие не направија. Впрочем, „шпалирот“ е најмалку важен. Важно е да се почитува тоа што го направи Барселона, а за мене најтешко е да се освои домашното првенство. Сум го кажал тоа сто пати, ќе го кажам и сега. За мене потешко е да се освои Ла Лига од Лигата на шампионите, – вели Зизу.

Извор:https://derbi.mk/