Евертон го шокираше Саутемптон во 96. минута, „светците“ остануваат во опасна ситуација (Видео)

во категорија Спорт од

sautempton-razocaruvanje

Том Дејвис постигна подогок во 96. минута од натпреварот меѓу Евертон и Саутемптон поставувајќи ги конечните 1:1, а со тоа ги шокираше гостите кои остануваат во комплицирана позиција во борбата за опстанок во Премиер лигата.

Саутемптон водеше од 56. минута кога реализираше Редмонд, но не издржа во завршницата кога Дејвис со помош на противничката одбрана, ги постави конечните 1:1.

Со ова реми, Саутемптон има 33 бодови исто колку што има и Свонси, а потоа следуваат Вест Бромвич Албион со 31 бод и Стоук со 30 бодови. ВБА се уште има теоретски шанси за опстанок иако има натпревар повеќе, додека Стоук следната сезона ќе игра во Чемпионшип.

Извор:https://derbi.mk/