Хакан Шукур во поинаква улога: Турската фудбалска легенда работи во кафетерија во Калифорнија

во категорија Спорт од

merlin_136760106_63de4336-e2b9-4144-a9a0-17eb3cf13dc6-superJumbo

Многу луѓе не го препознаваат човекот кој ги собира искористените чаши и валканите садови во пекарата и кафетерија „Тутс“ во Калифорнија, а тоа воопшто не е изненадување за земјата каде фудбалот се уште е далеку од популарноста на други спортови.

Станува збор за славниот турски фудбалер, Хакан Шукур кој пред речиси две години беше протеран од својата држава и беше избришан од историјата на турскиот фудбал, а поради конфликтот со претседателот Ердоган.

46-годишниот Шукур е еден од најпознатите турски фудбалери и играч кој беше еден од најдобрите напаѓачи во Европа кон крајот на 90-тите години од минатиот век. Поради неговиот политички ангажман и јавното спротивставување на турскиот претседател Реџеп Ердоган, Шукур сега живее далеку од својата земја и се занимава со нешто сосема друго и е косопственик на кафетерија во Пало Алто.

Турчинот во интервју за „Њујорк Тајмс“ ја отвори душата и зборуваше за животот по заминувањето од својата татковина.

– Тоа е моја земја. Ги сакам моите луѓе иако нивните замисли за мене се уништени од медиумите. Којзнае, можеби еден ден ќе се вратам.

– Можев да живеам многу добар живот и да станам министер доколку играв како што ќе кажеа тие. Но, сега јас продавам кафе- коментирал Шукур.

Одличниот напаѓач во играчката кариера настапуваше за Сакаријаспор, Бурсаспор, Галатасарај, Торино, Интер, Парма и Блекбурн. За репрезентацијата на Турција одигра 112 натпревари на кои постигна 51 погодок, а стигна  до третото место на СП во 2002 година.

Извор:https://derbi.mk/