Универзитетот Кембриџ ја отвори мистериозната кула

во категорија Култура од

ЛОНДОН (АА) – Библиотеката на Универзитетот „Кембриџ“ отвори изложба на „забранети книги“ од својата колекција чувана во кулата од библиотеката, при што, некои од нив гледаат светлина за првпат по неколку децении, јавува Anadoly Agency (AA).

Седумнаесеткатната кула во библиотеката, дизајнирана од сер Гилс Гилберт Скот, стана дом на таканаречениот „второстепен материјал“, добиен според Законот за авторски права, којшто ѝ дава право на Универзитетската библиотека на Кембриџ да добие копија од секоја книга објавена во Велика Британија.

Некои од најстарите книги во кулата датираат од 1710 година, со најновиот материјал кој датира од раните години на 21 век.

Според информациите добиени од библиотеката, пристапот до колекциите бил ограничен на мал број од вработените во библиотеката, истражувачите и академиците, при што, поголемиот број од стотиците илјади книги остануваат неотворени, според информациите добиени од библиотеката.

Посетителите ќе имаат можност да ја посетат кулата во ограничен временски период, но и да ја видат изложбата.

Меѓу книгите кои се наоѓаат во кулата, се наоѓаат и познати дела како „Хобитот“ од Џ. Р. Р. Толкин и „Касино ројал“ од Јан Флеминг. Некои новели се сметаат дека имале мала академска вредност во времето на објавување и ефективно биле испратени во Кулата.

Тие се чувани меѓу огромен број играчки, игри на табла, картички за Свети Валентин, релјефни книги за деца – 3Д, како и цртани „Господин Мен“, кои се наоѓаат во кулата.

„Сега, сметајќи се за архива од глобално значење, незаменливата содржина на кулата ја раскажува приказната за нашиот национален живот преку испечатениот збор“, изјави кураторот на изложбата Лајам Симс за Anadolu Agency (AA).

– Во библиотеката се наоѓаат осум милиони книги –

„За првпат им даваме можност на луѓето да ги истражат значајните колекции и да фрлат поглед во ова највидливо, но најмистериозно обележје на градот“, изјави тој.

Универзитетската библиотека е главна за поддршка на наставата и истражувањето во Кембриџ во изминатите 600 години.

Повеќе од осум милиони книги и списанија, еден милион мапи и многу илјадници ракописи заземаат повеќе од 200 километри полици, кои се прошируваат за уште речиси 3 километри секоја година.

Некои од највредните колекции ги вклучуваат трудовите на Исак Њутон, архива на дописите на Чарлс Дарвин, архивите на Опсерваториумот „Ројал Гринвич“ и библиотеката на Кралското општество Комонвелт.

Библиотеката има право да набави копија од секоја книга и весник објавен во Велика Британија и Ирска, што резултира со богата и разновидна колекција која им овозможува на идните научници материјал за истражување во многу области.

Историјата на Универзитетот „Кембриџ“ датира од 1209 година и има 31 независни колеџи, 150 оддели, факултети и институти.

Во моментот, 19.000 студенти, вклучувајќи 3.700 странски студенти, се образуваат на Универзитетот.


Извор:http://aa.com.tr/mk/