Избравме пет најефикасни антивирус програми за Android

во категорија Технологија од

На смартфоните во денешно време чуваме голема количина чувствителни лични податоци и преку нив вршиме се почувствителни работи. Поради нив, можеме да станеме и жртви на кражба на податоци и на уценувачите. За вас, составивме избор на пет бесплатни апликации кои ќе ви помогнат да се заштитите.

Аvira

Аvira доаѓа со разни интересни функционалности како скенирање на уредот, заштита во реално време, проверка на надворешните мемориски картички, а тука е и поддршката против кражба и можноста за составување црни листи.

AndroHelm

AndroHelm е помалку позната апликација, но сепак нуди одлична заштита од вируси и останати злонамерни апликации. Може да ги проверите апликациите при инсталацијата, да ги ставите во карантин, да го следите уредот во случај на кражба и да ги избришете податоците од него.

Kaspersky Mobile Antivirus

Во бесплатната верзија на Kaspersky Mobile Antivirus на располагање се опции како скенирање, заштита од кражба и блокирање на смс пораки и повици.

Lookout

Lookout нуди преглед на уредот, заштита од кражба, измами и злонамерен софтвер, но и мерки за заштита на дигиталниот идентитет и скенирање на Wi-Fi мрежите.

TrustGo

TrustGo е меѓу ретките целосно бесплатни антивирусни апликации и нуди функционалности како скенирање на уредот, злонамерни апликации, но во неа ќе најдете и алатки за управување со апликациите, креирање на сигурносни копии од податоците и други корисни алатки.

Извор: Tportal.hr

Извор:http://usb.mk/