Ивановски си поигра со голманот на Динамо Загреб (видео)

во категорија Спорт од

mirko

Македонскиот интернационалец во дресот на Славен Белупо, Мирко Ивановски, постигна нов погодок во дресот на хрватскиот прволигаш.

28-годишниот напаѓач погоди на натпреварот против Динамо Загреб во рамките од 33. коло од хрватската најсилна лига.

Ивановски прими една одлична топка, и потоа буквално си поигра со гостинскиот голман Ливаковиќ пред да ја смести топката зад неговиот грб.

Овa за Мирко Ивановски беше 14 сезонски погодок во дресот на Славен Белупо. Средбата заврши без победник 2-2.

Извор:https://derbi.mk/