Видео: Ова е тајната служба од која стравува цел свет – по овие се свои акции станале познати

во категорија Свет од

Израелската известувачка служба е легендарна во меѓународните кругови и се верува дека стои зад некои од најважните тајни операции во минатиот век. Меѓутоа, само некои од нивните акции биле успешни во изминативе години.

Драматичната презентација на документите за наводна иранска нуклеарна програма, која ја претставил премиерот на Израел Бењамин Нетанијаху е редок случај дека израелските власти ги изнесуваат во јавност своите активности.

Израел обично не ги објавува подвизите на Мосад, поради страв дека тоа би можело да ги открие изорите на агентите. За акциите на Мосад главно се дознава дури откако целосно ќе се завршат или пропаднат. Но во најголем случај нивните акции ја остваруваат зацртаната цел.

Како најважна акција се смета апсењето на Адолф Ајхман во Аргентина во 1960 година, кој покасно е осуден на смрт поради неговата улога во Холокаустот.

Веројатно ни тоа не би било познато доколку во 2012 година од Мосад не објавеа податоци за таа акција.

Еден од најголемите успеси е и “инсталирањето” на човек, агент на Мосад, во највисоките редови на сириското водство.

Израелецот Ели Коен успеал да воспостави блиски контакти со политичкиот и воениот врв на Сирија во раните 1960-ти години, и да стане главен советник на сирискиот министер за одбрана. Иако е откриен во 1965 година, информациите кои ги добил во таа улога му помогнале на Израел да оствари победа во Шестдневната војна на Блискиот исток во 1967 година.

Мосад за свој голем успех го смета и пронајдувањето на “свиркачот”- откако Мордехаи Вануну, поранешен техничар во израелската нуклеарна електрана во 1986 година на британските медиуми му предал фотографии и детали за израелската нуклеарна програма, луѓето на Мосад го фатиле во Италија, го дрогирале, и тајно го вратиле во Израел, каде во затвор поминал 18 години.

Се верува дека агентите на Мосад се одговорни за низа убиства на палестински милитанти ширум светот и за убиства на неколку ирански научници кои работеле на нуклеарната програма, дури и за Имад Мунија, еден од најистакнатите команданти на Хезболах.

Извор:http://press24.mk/