Уметници од различни делови на светот на заедничка изложба во Истанбул

во категорија Култура од

ИСТАНБУЛ (АА) – Во рамките на Меѓународниот уметнички проект во Истанбул e организирana изложба со наслов „Мојата убава Турција“, на коja се изложени делата на сликарите од различни делови на светот, јавува Anadolu Agency (AA).

Природните убавини и културно-историските објекти на Турција со векови се инспирација за уметниците, а на изложбата во Истанбул своите дела ги изложија вкупно десет сликари.

Изложбата е отворена на 15 април, а ќе трае до 15 мај во Султанахмет, Истанбул.

Украинската сликарка Елвира Јаковчик за АА рече дека идејата за отворање заедничка ликовна изложба се родила на еден ликовен саем во Турција, кој оставил силен впечаток на повеќе уметници кои подоцна се споиле и направиле заедничка поставка на тема убавините на Турција

„Сликам цел живот. Истанбул е посебен за менe, и наскоро сакам да одржaм самостојна изложба во оваа метропола“, рече Јаковчик.

Познатата украинска сликарка истакна дека градот Истанбул е посебен поради својата архитектура, историја и дух, поради што се вљубила во него.

„Во моите слики се обидувам да го поврзам старото и новото. Претходно ги посетив и Измир, Бодрум, Бурса и Чанаккале, и сите овие места многу ми се допаднаа“, рече Јаковчик.

Поставката на изложбата во Истанбул ја сочинуваат сликите на десет уметници. Анастасија Лапитскаја од Белорусија, Корнелија Марган од руската Република Башкортостан, Ертем Бајмак од Косово, Џанара Сабден од Казахстан, Стефан Хаџи-Николов од Македонија, Светлана Елантсева од Велика Британија, Вахид Новрузов и Илхам Енвероглу од Азербејџан, Елвира Јаковчик од Украина и Тулај Дениз Ѓумуш од Турција.


Извор:http://aa.com.tr/mk/