Познатите шведски ќофтиња настанати според турски рецепт

во категорија Култура од

АНКАРА (АА) – Шведската Влада призна дека познатите шведски ќофтиња се направени врз база на рецептот за турските ќофтиња, јавува Anadolu Agency (AA).

Шведските ќофтиња се едно од препознатливите типични јадења на Шведска, но и на целата скандинавска кујна, а Владата на Кралството Шведска во текот на викендот ја откри тајната за настанувањето на првите солени месни топчиња која многумина веќе ја знаеја или се сомневаа.

„Шведските ќофтиња всушност настанаа според турски рецепт кој на почетокот на осумнаесеттиот век од Турција го донесе кралот Чарлс XII. Да се држиме до вистината и фактите“, објави Владата на официјалниот профил на социјалните мрежи „sweden.se“.

Ени Матсон, професорка на Универзитетот во Упсала, за АА изјави дека шведскиот крал Чарлс XII, по поразот од Русите бил згрижен и пет години живеел на територијата на Османлиската држава во денешна Молдавија.

„Кралот Чарлс XII по враќањето во Шведска донесе рецепт за турски ќофтиња, кафето и сармата од зелка“, рече Матсон.


Извор:http://aa.com.tr/mk/